Сервис

Сервисниот дел има најсовремена опрема за монтажа, балансирање и центрирање предница од познатиот aмерикански производител HUNTER. На простор од 300м2 со капацитет кој дава можност во исто време да се опслужат 6 патнички возила и дополнителни 250м2 за товарни возила. Целиот комплекс е единствен на Балканот од ваков тип.

Вулканизерски услуги:

  • Промена и балансирање на гуми и бандажи со најсовремени уреди од познатите светски брендови Beissbarth (Германија) и Hunter (Америка)
  • Поправка на гуми (лепење, вулканизирање) се извршува со вулканизерска опрема-лепенки од реномираниот светски бренд ТИП-ТОП.
  • Исправање алуминиумски и челични бандажи, на високо квалитетна и прецизна машина
  • Геометрија на возило (Проверка и центрирање преден и заден трап) се изведува со најсовремена и високо прецизна машина од реномираниот бренд HUNTER
  • Сите горе споменати зафати се изведуваат со високо едуциран и сертифициран кадар од реномираниот бренд Michelin

Сервисни услуги

  • Промена на сите филтери
  • Промена на масло
  • Проверка и промена на кочиони плочки
  • Проверка и промена на сите видови спони и јабучици
  • Проверка и промена на светлосната сигнализација
  • Проверка, рециклирање и промена на фреон на клима во возилото

**сите потребни делови можеме да ги набавиме**

Автокозметика на возило

  • Метлици (брисачи) за ветробранско стакло за сите видови возила
  • Течност за ветробранско стакло
  • Освежувачи (мириси) за возило
  • Акумулатори
  • Патосници
  • Раткапни