За нас

Историја

На пазарот во Македонија, Олимпико постои веќе 26 години и е синоним за квалитет во продажбата и монтажа на пневматици од светските познати брендови Michelin, BFGoodrich, Тigar, Sava и Kormoran, како и Dunlop и Nexen.

ОЛИМПИКО - Скопје е основана во ноември 1991 година. Почетоците на компанијата се со во трговијата на гуми од програмата на Sava и Tigar, а во 1993 година ja отворивме првата приватна продавница за гуми во Скопје.

Во 1996 година ОЛИМПИКО отвори нов сопствен продажен салон во Скопје, на улицата Лондонска, во трговскиот центар Олимпико, застапувајќи ги брендовите Sava, Matador и Marangoni, како ексклузивен увозник.

Во 2002 година, ние во ОЛИМПИКО се определивме за гуми произведени во фабриките на MICHELIN TYRES. За поуспешно да ги задоволиме желбите на своите потрошувачи, од март 2006 година го отворивме и Сервисот за монтирање и балансирање на патнички и на полутоварни гуми.

На крајот на 2012 година, на одлична локалција во Скопје, отворен е нов сопствен модерен Салон за гуми, на површина од 3.800 м 2 . Објектот располага со сервисен дел од 300м 2 , магацин од 1.800м 2 како и сопствен паркинг. Во продажниот салон потрошувачите можат да одберат гуми од брендовите кои ги произведува MICHELIN TYRES и тоа: Michelin, BFGoodrich, Тigar, Sava и Kormoran. Притоа, асортиманот го зголемивме и со ценетите брендови Dunlop и Nexen.

Во салонот, кој што е од отворен тип, може да се следи монтирањето на гуми, да се гледа ТВ, да се чита весник, да се испие кафе, како и да се користи бесплатен интернет.

Со отворање на новиот салон, воведени се новини и тоа по стандардите на Michelin - за секое возило се изготвува работен налог и се забележуваат податоци за состојбата на гумите и нивна контрола, ценетите потрошувачи се известуваат навремено да ги променат гумите според временските услови, воедно, се советуваат и како да ги одржуваат гумите на своите возила.

Сервисниот дел има најсовремена опрема за монтажа, балансирање и ласерско 3Д центрирање на предница од познатиот aмерикански производител HUNTER.Сервисот е сертицифиран од Michelin и сите вработени во Сервисот и во Продажбате се обучени во тренинг центрите на Michelin. Со простор од 300м 2 , со капацитет кој дава можност во исто време да се опслужат шест патнички возила и дополнителни 250м 2 за товарни возила, целиот ОЛИМПИКО комплекс е единствен на Балканот од ваков тип.

Во иднина нашите ценети потрошувачи можат да очекуваат и многу новитетиво работењето, како на пример Личен сервисер за гумите и нивно одржување, попусти на услугите и, секако, награди за лојалните членови. За сите новини ќе бидете навремено известувани, бидејќи нашата цел е поголема безбедност во сообраќајот,а гумите се единствениот контакт помеѓу автомобилот и патот.

Нашата Визија

Нашата визија е на македонскиот пазар и на македонскиот возач да му понудиме избор од најдобрите и докажаните светски брендови за пневматици, со супериорни стандарди, со најдобар избор во соодносот на квалитетот и вложените пари.

Нашата Мисија

Нашата мисија е постојано да го унапредуваме сопственото работење, да ги следиме свтските трендови во оваа исклучително конкурентна индустрија, да го зајакнуваме и да го едуцираме тимот, со цел континуирано да го одржуваме и да го поткреваме имиџот на ОЛИМПИКО како Ваш вистински партнер при изборот на гуми за Вашето возило.